Димовски: Ова е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека политичката одговорност и замешаноста на луѓе од СДСМ во Фабриката за афери мора да се дознае, а органите ќе си ја бркаат нивната работа.
Тој се осврна и на дискусијата на неговиот колега од СДСМ Горан Сугарески кој објаснуваше зошто немало потреба од формирање на ваква анкетна комисија. Димовски потсети на периодот кога се формираше анкетната за прислушувањето кога истите луѓе кои се денес против анкетна, тогаш инсистираа дека таа мора да се фофмира, да се разговара за одговорноста, собранието да ја прецизира политичката одговорност.
„Знаете која е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? Рековте дека сакате анкетна? Ние рековме: бујрум анкетна. Сакавте претседател? Еве ви претседател. Сакавте деловник? Еве ви деловник. Ние немаме што да скриеме. Што имате да скриете луѓе? Зошто не сакате анкетна комисија?“, праша Димовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа