Пратениците оваа среда со полна пареа: Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат шест комисии.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа предлог измените на Законот за внатрешни работи и дополнувањата на Законот за одбрана, двата во второ читање.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за предлог законските измени на Законот за шуми и на Законот за земјоделско земјиште, двата по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог-законот за слободните здравствени зони и Предлог-законот за медицински сестри и акушерки, двата во прво читање. Вториот Предлог-закон ќе биде разгледан и на Комисијата за европски прашања.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за Предлог дополнувањата на Законот за судска служба и измените на Законот за административни службеници, двата во второ читање.
Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог законските решенија што се на дневен ред на петте комисии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа