Нови 1000 работни места: Потпишан договор за рестартирање на „Порцеланка“
Владата на Република Македонија и индиската групација БРГ денеска во Велес потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.
Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план.
На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски.
Групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика „Порцеланка“ ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик.
12.01.2016 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа