Маестрална и државничка политика на Груевски: Ова се коментарите за средбата со Бајден

 

Како одлична работа и државнички потег голем дел од граѓаните ја оценуваат посетата на премиерот Никола Груевски во САД.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари од граѓани кои му даваат поддршка на премиерот сметајќи дека така треба да продолжи да ја води државата со успешна работа и успешни политики за Македонија.

Државнички потег на македонскиот премиер и нов ветар во грб. Вака експертската јавност ја оценува посетата на премиерот Никола Груевски на САД и средбата со американскиот претседател Џо Бајден на која  се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Посетата на Груевски на Вашингтон покажа дека тој останува главен играч на македонската полтичка сцена. Разговорите сигурно не биле лесни бидејќи знаеме дека инволвираноста на Вашингтон во нашите внатрешни работи е висока. Меѓутоа самиот факт дека посетата се случи дава надеж дека работите ќе се одвиваат позитивно и дека избори ќе има. Сепак останува прашањето дали останува април или ќе има некое одложување што би било лошо, бидејќи опозицијата очигледно работи со сите сили април да биде прескокнат. Ако до тоа дојде ќе биде лошо за земјата затоа што интерес за сите е оваа криза што побрзо да биде надмината, вели  вели за КУРИР долгогодишниот дипломат и политички аналитичар, Ристо Никовски.

Американските медиуми пренесуваат дека потпретседателот на САД, Џо Бајден  остварил средба со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

– Бајден и Груевски  се согласија дека понатамошната имплементацијата на договорот од Пржино е многу важна, како и преземањето на чекори кои ќе обезбедат кредибилни избори.  Потпретседателот Бајден ја истакна поддршката која и понатаму САД ќе ја дава за Евро-Атланската интеграција на Македонија, пренесуваат американските медиуми.

 
 
12.01.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега