Девојки, несреќни сте и тажни? Помолете се на оваа светица

 

Денеска е Св. маченичка Анисија.

Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род. Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога. Набргу умреа нејзините родители и таа го на¬следи нивното огромно богатство. Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и почна да им служи на бедните, затворените, болните и на сите што се наоѓаа во некаква мака. Света Анисија пострада од еден разбе¬снет војник кога одби да им принесе жртва на идолите. Тоа се случи во 298 година.

Според народното верување сите кои денеска искрено, од срце, ќе и се помолат на Св. Анасија ќе бидат исполнети со среќа и љубов.

 
 
12.01.2016 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега