Никовски: Посетата на Груевски на САД дава надеж дека избори ќе има
САД даваат поддршка на целосно спроведување на договорот од Пржино и превзементе обврски од истиот. Главна обврска од пржинскиот договор е спроведување на избори на 24-ти април, со кои би се ставил конечен крај на политичката криза предизвикана од опозицијата коментираат експертите
-Посетата на Груевски на Вашингтон покажа дека тој останува главен играч на македонската полтичка сцена. Разговорите сигурно не биле лесни бидејќи знаеме дека инволвираноста на Вашингтон во нашите внатрешни работи е висока. Меѓутоа самиот факт дека посетата се случи дава надеж дека работите ќе се одвиваат позитивно и дека избори ќе има. Сепак останува прашањето дали останува април или ќе има некое одложување што би било лошо, бидејќи опозицијата очигледно работи со сите сили април да биде прескокнат. Ако до тоа дојде ќе биде лошо за земјата затоа што интерес за сите е оваа криза што побрзо да биде надмината, вели за КУРИР долгогодишниот дипломат и политички аналитичар, Ристо Никовски.
Премиерот Груевски во синоќешната изјава средбата ја оцени како одлична и пријателска на која се разговарало за повеќе теми.
-Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа