Средбата со Бајден државички потег на Груевски

 

Државнички потег на Груевски и нов ветер во грб за Македонија. Вака експертите ја коментираат последната посета на Премиерот Никола Груевски на САД и средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден. 

Премиерот Груевски вчера од Вашингтон порача дека имал одлична пријателска средба со Бајден

„Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период. На средбата зборувавме за повеќе теми. Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економскта соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина“ -  истакна Груевски.

Според брифинзите од Белата Куќа кои ги пренесуваат американските медиуми, Бајден и Груевски се согласиле околу важноста на континуираната имплементација на Договорот од Пржино и реализацијата на преземените обврски.
Експертите велат дека тоа е силна порака од САД дека Договорот мора да се почитува вклучително и главната обврска од него, а тоа се изборите закажани за 24 април годинава.
Тие коментираат едека САД уште еднаш го докажуваат своето пријателство кон Македонија истакнувајќи ја поддршката за евроатланските интеграции. 

 
 
12.01.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега