Голем шок: Денеска пролет од наредната недела снег и минус 12 - месечна временска прогноза

 

Се до петок регионот околу нашата земја ќе има релативно топло јануарско време. Поголемата промена ја очекуваме во петок навечер кон сабота, кога кон југот на Балканскиот полуостров ќе се спушти значително постудена воздушна маса која ќе услови пад на температурата, но ќе донесе и снежни врнежи во ноќта кон сабота и во првиот дел од денот сабота.

Овие врнежи, засега изгледа дека ќе бидат сконцентрирани во северозападниот дел од земјата, но и таму не се очекува некој поголема снежна покривка од истите. Низ останатите краеви од земјата врните се очекува да бидат повремени, без поголем потенцијал за значителна снежна покривка.

На планините во ситуацијата со снег, пред се на ски центрите, се очекува постепено да се подобрува во периодот од петок до недела. Не се очекува нагло зголемување на снежната покривка, туку постепено во споменатиот период.

Температурата во деновите од викендот, особено во недела, ќе има вредности помеѓу 0°С и 5°С во пониските делови од земјата.

Од наредната недела температурите одат значително во минус. Во некои денови утринската ќе се спушти и до минус 12

 
 
12.01.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега