МАН: Оливер Спасовски да го расветли упадот во Курир

 

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на последниот упад во редакцијата на порталот Курир. По неколку месеци силни притисоци, закани и вербални напади, редакцијата на порталот Курир, во текот на изминатиот викенд повторно беше мета на упад и грабеж.

МАН укажува дека ова не е прв случај на упади во медиуми.

„Го потсетуваме Министерството за внатрешни работи дека се уште ги нема пронајдено виновниците за упадите и насилството во редакциите на Курир, Република, Радио Слободна Македонија, особено што ништо не се превзема од страна на МВР откако на министерската функција е генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски чија партија и активисти се сторители на најголем дел од насилствата врз новинари и упади во редакции.

 

МАН кон крајот на ноември минатата година побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во најкус можен период да ги расветли сите случаи во кои има закани, насилство и напади врз новинари и медиуми, и да превземе мерки кон оние кои ги поречуваат новинарите во извршување на работата. “ - стои во соопштението од МАН

 
 
12.01.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега