Понесете си чадор - утре врнежи од дожд

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Во западните и североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Од петок се очекува позначително заладување со врнежи од снег.

 
 
11.01.2016 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега