Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР резултираа со упад во просториите на нивната редакција

 

По низата напади и закани кои изминатиов период беа упатени врз новинари на КУРИР, просториите на нивната редакција во текот на минатата ноќ беа цел на грабеж, односно провала од засега непознати лица кои насилно упаднаа во редакцијата на КУРИР. Ова не е првпат нивните простори да бидат мета на напад.

Секоjдневните неосновани атаци врз КУРИР како медиум од страна на разни опозициски структури, но и директно од најголемата опозициска партија СДСМ кулминираа со нов удар врз овој медиум.

Во текот на минатата ноќ со разбивање на една од балконските врати во просториите каде е сместена нивната редакција извршена е кражба на лаптоп компјутери на вработени во КУРИР.

vrata-1640

vrata-2640

Ваквиот упад во просториите на КУРИР следува по низата навреди и монструозни закани по живот на наши вработени кои кулминираа во месец ноември,  кога член на СДСМ испрати смртни закани до вработена во овој медиум, каде им се закануваше по живот и на сите вработени.

Дополнително, КУРИР секојдневно е мета на неосновани напади од страна на најголемиот опозициски политички субјект СДСМ, кој секојдневно со разни неосновани соопштенија врши директен напад и притисок врз медиумот. Секое соопштение од штабот на СДСМ насочено против овој медиум е јасен напад врз слободата на говорот и работењето на медиумите.  Секое соопштение од штабот на СДСМ се толкува како директен притисок и закана по медиумот и новинарите кои работат во него.

zakup-1_thumb_medium500_580

sdsm-2_thumb_medium500_545

sdsm-3_thumb_medium500_500

sdsm-5_thumb_medium500_594

sdsm-4_thumb_medium500_524

kurir-15

kurir-14

kurir-13

sdsm-12

sdsm-11

kurir-24

kurir-23

kurir-22

kurir-21

kurir-20

kurir-19

kurir-17

kurir-16

kurir-15

Најновиот упад во просториите, КУРИР уредно го пријави во Министерството за внатрешни работи, каде направен е записник и очекуваме надлежните во најбрз можен рок да ги откријат сторителите, за што и јавно го повикуваме техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Редакцијата на Курир особено стана мета на напади и закани по секојдневните сопштенија од страна на СДСМ во кои без никаков основ се атакуваше врз овој медиум.

Како и со сите случаи претходно во кои КУРИР беше мета на напад, така и овој пат за упадот во нивните простории се известени надлежните институции, странските амбасади и сите новинарски здруженија. КУРИР работел и ќе работи крајно професионално и во интерес на своите посетители и повторно порачуваме дека било какви напади врз овој медиум нема да ги заплашат.

 
 
11.01.2016 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега