За Василица повторно до три шанси за седумка

 

Државна лотарија на Македонија на 13 јануари по повод Василица повторно нуди до три шанси за седумка во НовоЛото 7/34 , чие извлекување на броевите од 4. коло ќе се одржи на ТВ Сител во 20 часот.

– Во ова празнично коло Државна лотарија на Македонија повторно, како и во Новогодишното коло, ќе им овозможи на играчите на НовоЛото доколку во првото извлекување не биде постигната добивка со седум погодоци, да следуваат второ и трето извлекување, во кои во игра ќе бидат и сите претходно непостигнати категории на добивки, сооопштуваат од компанијата.

Оттаму информираат дека уплатите за ова коло ќе се примаат се до 19 часот на 13 јануари. Овој пат сите играчи може да уплатат и на редовните НовоЛото 7/34 ливчиња кои важат за редовните кола. Се очекува премијата за седумка да изнесува околу седум милиони денари.

 
 
11.01.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега