Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии

 

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски наредил соработникот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш од социјалните мрежи да ги избрише заедничките фотографии., пренесува Курир.мк

Профилот на Чауш на социјалната мрежа Фејсбук синоќа беше отворен, но заедничките фотографии со Спасовски, кои јавноста имаше можност да ги види, се отстранети. Денес неговиот Фејсбук профил не постои.

Вчера првосомничениот во „Фабриката за афери“ на СДСМ, Чауш објави фотографија од затворот Идризово.

Остана отворено прашањето од каде му е мобилниот телефон на Чауш во Идризово, особено ако се знае дека е строго забранет во затворите, а казната за користење е одреден период во самица.

rnje

Пресс24, пак, вчера објави и дека специјалната обвинителка Катица Јанева е пријателка на социјалната мрежа со сопартиецот и соработник на Заев.

caus

На листата пријатели на Чаушот може да се најде и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, советникот на ЛДП во Советот на Град Скопје Зоран Шапуриќ како и пратеникот на опозицијата во македонското Собрание, Љубомир Јосифовски.

 
 
11.01.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега