Намалена видливоста на неколку патни правци

 

Поради магла во Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Демир Капија и Петровец е намалена видливоста на патиштата од 50 до 100 метри, соопшти утринава Автомото-сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани и без застои, по наместа влажни коловози.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ сообраќајот се одвива нормално. Според информациите објавени на веб-страницата на аеродромот, досега се реализирани сите планирани полетувања и слетувања, освен летовите за Истанбул.

 
 
11.01.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега