За што најчесто се жалат Македонците оваа зима?

 

На телефонската линија 02/15 123  за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 4 јануари до 10 јануари) имало 1.386 повици. 

Од Здравствен дом Скопје информираат дека од 15 септември 2014 година кога започна да работи линијата, досега, имало 70.777 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемен крвен притисок, зголемена телесна температура, вирози и кашлици од променливото време.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија. 

 
 
11.01.2016 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега