Фабриката на СДСМ со исти фалс производи

 

Безидејноста на СДСМ повторно излезе на површина. Во обид за дискретитација СДСМ пак ја активираше фабриката за фалс производи, пишува КУРИР.МК

Опозициските медиуми, исто како и во 2011 година, и сега се обидуваат посетата на премиерот Никола Груевски во САД да ја прикажат како негативна, односно дека претседателот на македонската влада е под притисок на меѓународниот фактор.

Ваквите фалс медиумски објави излезени од фабриката на СДСМ, ниту во 2011 кога користеа исти аршини како и денес, на опозициската партија по одржаните парламентрани избори не и донесоа победа. СДСМ остана во опозиција.

spic640Шпиц – 2011Плусинфо - 2016Плусинфо – 2016

Посетата на премиерот Груевски во САД и најавената средба со потпретседателот Џо Бајден е своевиден демант на низата обвинувања периодов од СДСМ дека Владата била изолирана и дека Ангела Меркел, Бајден, Џон Кери, Владимир Путин ја заобиколувале Македонија, што според СДСМ, значело множење на меѓународните неуспеси.

sdsm-soop640

На најавената средба се очекува темите на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат  активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

 
 
10.01.2016 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега