Нови детали за мигрантите во Македонија

 

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 715 странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти МВР, од лицата 307 се од машки пол, 166 се од женски, 234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда.

Според државјанството, најбројни се државјаните на Авганистан 318, Сирија 304 и Ирак 93. Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 9 јануари, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 17.882 странски државјани, од кои 7.462 се од машки пол, 3.789 се од женски, 6.556 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија 7.584, Авганистан 6.566 и Ирак 3.732.

Од почетокот на годината, од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 09.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

 
 
10.01.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега