Фрчат казни и откази за вработените во МВР

 

По спроведена дисциплинска постапка во текот на декември,  донесени се 59 решенија против 59 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

На 46 вработени изречена им е мерка  „парична казна”, на петмерка „писмено предупредување“, за четворица е изречена мерка „запирање на постапката“, на двајца вработени во МВР им е изречена мерка „распоредување“ и на двајца мерка „отказ“. 

МВР денеска соопшти дека на полицаец во ПСОН-Крива Паланка, СВР-Куманово, изречена му е мерка „отказ“ затоа што за себе прибавил против правна имотна корист. Отказ добил и Виш инспектор за превенција во ПС ОН Битола, кој неоправдано изостанал од работа три последователни дена.

Дел од полицајците доцнеле на работа, дел дале лажен исказ, седеле во униформа и надвор од работно време, не дошле на состанок, нападнале лице...

 
 
10.01.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега