Утре дожд - што ќе се случува со времето наредната недела?

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 8 степени.

Во понеделник ќе преовладува стабилно и топло време за овој период од годината. По котлините ќе има појава на слаба утринска магла. Потоа во вторник ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Од среда се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.

 
 
09.01.2016 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега