Владиката Петар против абортусот: Не само што не се множиме, туку ги убиваме и зачнатите

 

Иако во првиот божји благослов стои да се раѓаме и множиме, ние денеска не само што не се раѓаме туку и ги убиваме зачнатите во утробите, рече владиката Петар осудувајќи го абортусот во својата традиционална божиќна порака.

Тој нагласи дека со непочитувањето на оваа божја заповед всушност се намалува популацијата, што оди рака под рака со белата чума.

-Ние денес не само што не се раѓаме, туку и убиваме, ги убиваме зачнатите во утробите, ги абортираме. И не само што не се множиме туку и се намалуваме. Не смееме ниту да помислиме, а уште помалку да го спречуваме зачнувањето на животот во утробите на мајките со контрацептивни средства или со било какви други средства, изјава Владика Петар за Канал 5

Во Македонија извесен пораст на наталитетот е регистриран по мерките за стимулирање на раѓањата преку различни додатоци за трето и четврто дете како и мерките наменети за мајките.

Сепак, демографските експерти се погласно предупредуваат дека белата чума е закана на глобално ниво.

Според последниот извештај на Обединетите Нации населението во Европа до 2100 година ќе се намали за речиси 100 милиони жител.

 
 
08.01.2016 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега