Светска банка: Македонскиот раст стабилен и највисок во регионот

 

Македонија во 2016-та ќе оствари економски раст од 3,4 отсто, прогнозира Светска банка во анализата „Глобални економски перспективи“. Растот во наредните две години ќе добие на динамика, и во 2017-та и 2018-та домашната економија ќе забележи зголемување од по 3,7 насто годишно.

 

Предвидените стапки на раст на македонскиот бруто-домашен производ (БДП) во годините што следуваат се највисоки споредени со другите земји од регионот.

izvestaj-na-svetska-banka.j

Економскиот раст во регионот на Европа и во Централна Азија ќе забави од ланските 2,3 на само 2,1%. Причина за скромната економска динамика е влијанието на намалените цени на нафтата врз источниот дел од регионот, конфликтот во Украина и  последователните ефекти од рецесијата во Руската федерација.

Од земјите во регионот на Западниот Балкан за Турција и Косово во 2016-та се прогнозира раст од 3,5%, а Албанија од 3,4%. Црна Гора ќе забележи раст од 2,9% додека Босна и Херцеговина и Бугарија ќе се развиваат со 2,3%, односно 2,2%.

Најслаби резултати во регионот се очекувањата за Србија, за која се очекува раст од само 1,8%.

Најмалку ќе расте економијата во Белорусија, каде што дури до 2018 година се предвидува раст од еден процент. Како клучни ризици за овој регион Светска банка ги нотира геополитичките проблеми во овој регион.

Политички предизвици има и во земјите од Западен Балкан, Украина, а за Русија клучни за економијата се сметаат санкциите од другиот дел од светот.

 
 
08.01.2016 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега