Ќе се гради уште една градинка во Аеродром

 

Нова детска градинка со капацитет од 250 дечиња ќе се гради во општина Аеродром, најавија денеска градоначалникот Ивица Коневски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на клонот „Чекорче“, која ќе има капацитет од 250 дечиња и ќе се гради во населбата Јане Сандански.

Објектот ќе содржи 6 големи занимални на приземје и три на кат, односно вкупно 9 занимални. Исто така ќе има и простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории. Целиот објект ќе биде на површина од 1.700 метри квадратни.

Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

 
 
08.01.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега