Пролет среде зима: Какво време не очекува викендов

 

Ниту во овој втор јануарски викенд зима нема да видиме. Сабота ќе биде ден кој ќе донесе повторно сончеви периоди. Мала до умерена се облачност се очекува во текот на денот, но веќе попладне се очекува ново, позначајно наоблачување, пред се во северозападниот регион, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Утрото во сабота ќе биде умерено студено, а минималната температура ќе има вредности во границите од -4°С до 0°С

Температурата преку ден ќе има максимални вредности од 6°С до 9°С во поголем дел од низините, освен во гевгелиско - дојранскиот крај, каде максималната ќе достигне до околу 13°С.

 

 

Во недела утрото за разлика од саботното ќе биде потопло за околу 3°С. Денот ќе биде облачен. Од оваа облачност се очекуваат слаби врнежи од дожд, локално во западниот регион, пред се околу планините, и во крајниот северен дел од земјава. Температурата ќе има слична максимална вредност на саботната.

 
 
08.01.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега