Какво време не очекува денеска?
Вемето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на ппланините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, a во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.
Температурата ќе се движи од два до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер.
Температурaта ќе достигне до шест степени.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.
07.01.2016 - 10:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа