Невреме во Македонија

 

Денеска во доцните попладневни и ноќни часови се очекуваат изобилни врнежи дожд, а на повисоките планини од снег. Во западните и северозападните делови наместа се очекува да наврнат околу  50 л/м2 воден талог, соопшти УХМР. 

Утре во  претпладневните часови се уште  ќе има слаби и локални врнежи од дожд, а во текот на денот постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен и западен  правец, а во јужните делови повремено ќе се засилува.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време

 
 
06.01.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега