ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема избори на 24 април Договорот од Пржино нема да важи

 

Ако нема избори нема да важи договорот од Пржино, вели Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски во изјава за Мета. 

„Никакво поместување не доаѓа предвид. Ние сите обврски од Договорот од Пржино ги исполнивме. Оваа криза треба да се реши што побргу, а не да се продлабочува. Ако се поместат изборите, тогаш Договорот од Пржино нема да важи“ – вели Котески.

Од СДСМ остануваат на политиката на бегање од граѓаните. Опозициската партија исто како и на сите 4 последни избори најавува дека нема да се појави пред граѓаните бидејќи според нив, не биле испочитувани сите обврски.

– Нашиот став е јасен. Нема да одиме на уште едни криминални избори. Многу од обврските не се испочитувани. Најмногу со обврската на ДИК за проверка на избирачкиот список. Не сме разговарале за поместување на датумот на избори, но ние имаме јасна цел – фер и демократски процес – вели за Мета заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

СДСМ е единствената партија во светот која иако е во опзиција не сака да се појави на избори. 

Додека СДСМ бега од граѓаните, во албанскиот политички блок има консензус дека избори во април мора да има. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во предновогодишното обраќање потенцираше дека неговата партија цврсто останува на ставот дека избори на 24 април мора да има.

Експертите во повеќе наврати излегоа со став дека поради стравот од казната од граѓаните СДСМ ќе направи се за да побегне од изборите. Дополнителна паника на Бихаќка предзивикаа и последните анкети на кои јасно се глеа расположението на граѓаните. Според сите анкети ВМРО-ДПМНЕ има двојно повеќе рејтинг од СДСМ, а рејтонгот на лидерот Заев константно тоне кон дното.
Во такви услови, бегството на СДСМ од изборите е сосема очекуван потег, со оглед на тоа дека опозициската партија ја чека реприза на катастрофата од парламентарните избори во 2014 година.

Комплетна разврска на ситуациајта се очекува на средната на месецот за кога е најавена и посетата на еврокомесарот Хан.

 
 
05.01.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега