Какво време не очекува денес?

 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, само во јужните делови од земјата и долж Повардарјето променливо облачно. Врнежи од дожд ќе има претежно во попладневните часови на пониските места, на повисоките места истовремено ќе има врнежи од дожд и снег, а само на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со повремен дожд и со слаб повремено умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Во четврток ќе има преодно заладување и врнежите ќе бидат истовремено од дожд и снег. 

 
 
05.01.2016 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега