Студена ноќ: На овие места во Македонија вее снег во моментов

 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно  без забрани и застои по влажни коловози, освен на автопатот Скопје Велес каде поради тешка сообраќајна несреќа сообраќајот е во комплетен прекин.

Снег со слаб интензитет провејува кој не се задржува на коловоз  на следните патни правци П.Шапка-Тетово-Гостивар-Маврово и Стража. Слаб снег провејува и во Велес, Кочани и Берово а во Скопје на места има појава на замрзнат дожд.

На коловозите  има на места остатоци од кашест снег по интервенцијата на екипите на Македонија Пат.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица -  Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 
 
04.01.2016 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега