ФОТО: Првото бебе во Штип е седмо за семејството Алионски

 

Во првите три дена во Штип се родија пет бебиња. Традицонално, градоначалникот на Штип, Илчо Захраиев го посети првороденото бебе.

Првото бебе во новата година е девојче.

– По Нова година дојдовем во клиничката болница да ја посетиме прворотката. Да истакнам дека прворотката ни е до ромска националност и е седмо по ред. Сакавме со скромните подароци да покажеме дека водиме грижа за наталитетот во државата. Убаво е што персоналот тука се грижат да имаат родилките да имаат одлични услови, изјави градоначалникот на Штип, Захариев.

Мајка на првото бебе во 2016 е Руки Алионска, а бебето ќесе вика Валерија. Таа доби штедна книшка со 10.000 денари кои традиционални ги обезбедува „Комерцијална банка”-Штип која исто така е донатор и на детската играчка.

Семејството инаку го изгуби домот при неодамнешниот пожар, но таа е храбра и вели дека е среќна што има седум деца, сите девојчиња и едно машко.

Во 2015 имало 947 породувања од кои голем дел се мајки кои добија и трето дете. Градоначалникот и на преостанатите мајки им подари пакетчиња за најмалите.

 
 
04.01.2016 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега