Сериозни инвестиции во патната инфраструктура и оваа година

 

Освен пет експресни патни правци, во 2016 година ќе се градат и шест регионални патишта, потенцира денеска премиерот Никола Груевски.

Вкупната вредност на новите регионални патишта е 46 милиони евра, со кои ќе бидат изградени 85 километри.

Регионалните патишта кои ќе се градат оваа година се Кочани-Делчево, Пробиштип-Пониква, Тораница-Саса, патот меѓу Мало и Големо Коњарево, патот Извор-Бошков Мост (Кичево-Дебар) и приклучокот спрема Вевчани.

Оваа година се градат и три автопати. Груевски потенцира дека станува збор за сериозни инвестиции во патната инфраструктура, кои се од корист за многу граѓани од цела Република Македонија.

 
 
04.01.2016 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега