Прегази човек па стана директор - СДСМ реагира за директорот на поштата во Куманово

 

Опозициската СДСМ  реагира на именувањето на Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричани, за директор на Македонска пошта во Куманово, обвинувајќи ја власта за двојни аршини.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција обвини дека на Јовановиќ му се дозволува да избега од одговорноста за, како што тврди, „случајот во април минатата година кога со службен автомобил го прегазил триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ и побегнал од местото на настанот“.

- Со ова не само што му дозволуваат на Јовановиќ да избега од својата одговорност, туку со новата функција - директор на пошта во Куманово, го наградуваат за неговата послушност и лојалност кон партијата, рече Шилегов. 

најчитано сега