Димовски: Спасовски покажа како ќе владее СДСМ доколку дојде на власт

 

Пратеникот Илија Димовски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за поставување пратенички прашања се обрати кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побара одговори за последните разрешувања кои што министерот ги направи во Министерството за внатрешни работи деновиве.

Имено, Димовски побара одговори и објаснувања од Спасовски да ја информира јасноста по кои принцип се назначени новите началници во неколку градови со самото тоа што како што нагласи било извршено класично прекршување на Законот за внатрешни работи.

- Одлучивте да смените повеќе началници на сектори и одлучивте да унапредите над десетина, веројатно ваши партиски лица спротивно на Законот за внатрешни работи. Во Куманово назначивте за началник лице кое што до сега било полицаец што досега не е видено во историјата на МВР, од полицаец да биде унапреден толку скалила и да биде назначен за началник на сектор. Во Битола назначивте лице кое што исто така кога сте дошле на власт 2002 година било назначено за началник на секторот во Битола но бил разрешен за само 6 месеци. Во Скопје назначувате човек кои што е класична инсталација од редовите на СДСМ кој што во име на СДСМ во минатото пријавувал митинзи и протести односно се појавувал како организатор. Началник во Охрид назначувате човек за кои што не знаеме многу освен ви бил колега и близок пријател додека сте студирале во Скопје. Во Велес е назначен началник кој што никој не го знае, ниту колегата Марјан Николов ниту јас ниту колегата Коџобашиев ниту пак некој од Велес. Вие не назначивте лице од Велес туку носите некој надвор од Велес, рече Димовски.

Димовски од Спасовски побара и објаснување за унапредувањето за четири нивоа на сопругот на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски и се осврна на начинот на кои што СДСМ би владеел додколку некогаш дојде на власт.

- Попатно, сопругот на госпоѓата Ременски од инспектор на полициска станица Гази Баба го унапредувате во генерален советник што е за четири нивоа погоре, спротивно на Законот за внатрешни работи, посочи Димовски. На сите овие прашања, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се осврна само на началниците кои што беа заменети додека ниту збор не спомна за новоназначените началници и сопругор на министерката Ременски.

 
 
31.12.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега