Индискиот тајкун Субрата Рој ја завршува посетата во Охрид
Денеска индискиот гигант Субрата Рој кој најави големи инвестиции и планови за Македонија, ја завршува својата неколкудневна посета.
При последната посета на Охрид синоќа, Субрата изјави дека е подготвен да инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра и ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.
- „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на гео - стратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој.
Субрата синоќа се сретна со македонска владина делегација, а денеска ја завршува својата посета.
ФОТО: Влада