Уживајте во летото и во Македонија - езерата се безбедни за капење

 

Реките Вардар и Треска и годинава се забранети за капење поради тоа што загаденоста на водата е од висока 4та и 5та категорија, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пренесе Здравство24.мк.

-Инспекторатот доставува решение до градоначалниците да постават табли со ознаки дека водата не е за капење, што е и направено, вели д-р Вера Менковска, раководител во Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравство24.мк.

Од друга страна водата во трите природни езера Охридското, Преспанското и Дојранското езеро е безбедна по здравјето на капачите, покажуваат резултатите од мострите за анализа кои Центрите за јавно здравје ги земале од повеќе локации на езерата.

-Во Охридското езеро се земени 118 мостри од 32 мерни места и водата е безбедна за капење бидејќи е од 1 и 2 категорија. ЦЈЗ Битола зема 96 мостри од Преспанското езеро и таму водата е безбедна, а ЦЈЗ Велес зеде 56 мостри од Дојранското езеро кои мпокажуваат дека водата е од 1 и 2 категорија на чистота, а на некои места е од 3-та но тоа не влијае врз здравјето на капачите, додаде д-р Менковска.

Анализите ќе продолжат се до крајот на летото.

Извор:Здравство24.мк

најчитано сега