Промоција на научни изданија објавени во 2015

 

Научните изданија, објавени во 2015 година на Институтот за македонска литература-Скопје денеска ќе бидат промовирани во „Матица Ексклузив“. 

Ќе се промовираат научните книги „Трајко Китанчев (книжевна, културна и револуционерна дејност)“ од д-р Валентина Миронска-Христовска, „Културната преродба во Прилеп во 19 век“ од м-р Славчо Ковилоски, двата броја на списанието „Спектар“ бр. 65 и 66/2015 и научното списание „Контекст“ бр.13/2015.

На промоцијата ќе се обрати и Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература–Скопје. 

 
 
28.12.2015 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега