Студ или сонце: Што ќе се случува со времето неделава?

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Температурата до 12 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време. Од среда ќе настапи значителна промена на времето, проследена со североисточен ветер и нагло заладување, а кон крајот на денот и со зголемување на облачноста со локални слаби врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. 

 
 
28.12.2015 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега