Тодоров: Специјалистите и лекарите во итната помош зголемувањето на платите ќе го добијат етапно

 

Наредната година сите специјалисти во здравствените домови во Македонија ќе добијат зголемување на платите за околу 4.000 денари или 14,5 проценти, а лекари од општа пракса од Итната медицинска помош околу 2.700 денариили 11 проценти.

Како што информира денеска министерот за здравство Никола Тодоров динамиката предвидува лекарите покачувањето да го добијат етапно, на три пати, со тоа што до крајот на годината би го добиле вкупното покачување.

- Минатата недела го потпишавме анексот на Колективниот договор со Синдикатот со кој, меѓудругото, се овозможи зголемување на платите на докторите специјалисти кои работат во здравствените домови. Само овде во Здравствен дом Скопје има 159 специјалисти кои ќе добијат покажување од околу 4000 денари. Покачувањето согласно динамиката што е направена со синдикатот ќе биде во три дела. Првиот ќе биде ќе биде во февруари, вториот во јуни и третиот во декември. Во секој сличај наредната година ќе ја завршат комплетно со зголемена плата од 4 илјади денари, истакна министерот Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Здравствениот дом Скопје.

Покрај ова, додаде, значајно е што во колективниот договор се предвиде и зголемување на платите и на докторите од општа пракса во Итната медицинска помош.

Тука, рече Тодоров, зголемувањето е во износ од околу 2.700 денери или околу 11 проценти и ќе се однесува на сите доктори кои работат во Итната медицинска помош во сите здравствени домови во државата.

 
 
27.12.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега