ВМРО-ДПМНЕ: Единствена инвестиција на СДСМ е Фабриката за афери
Единствена инвестиција на СДСМ е Фабриката за афери. Таму, Зоран Заев си го вработи својот прв соработник Чаушот. Неговата сопруга Саша Богдановиќ ја вработи во ПОЦ. Зоран Заев и Оливер Спасовски во фабриката за афери ги вработија и братот на Чаушот и Аднан Сума, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението
Тоа е нивниот најголем успех.
СДСМ, мајсторот за лаги и фалсификати се обидува сите да ги прикаже како нив.
Тоа не може никако да им успее затоа што граѓаните ги имаат прочитано манипулациите кои ги прават и не им веруваат.
Граѓаните може да ги видат Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маркарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици други производствени погони низ цела Република Македонија. Впрочем најдобар показател за тој кој придонел во носењето инвестиции и отворањето нови работни места е намалувањето на невработеноста на рекордно ниски 25,5% и креирањето на над 150 000 реални работни места.
Од друга страна граѓаните можеа да ги видат и фабриките на СДСМ, онаа за афери во која се заплеткани Заев, Спасовски и Чаушот или менувачницата на Вицето кај што се пере криминалнот на СДСМ. Други фабрики СДСМ ниту донеле, ниту отвориле. Најдобар доказ за тоа е празната ливада десно од патот во Сачево кај што Зоран Заев пред цели три години ветуваше 300 фабрики и 3000 нови работни места.
СДСМ очигледно при очи решиле да се прават слепи. Тоа е нивна работа. Значајно е што граѓаните гледаат и судат кој и колку работи за отворање нови работни места и привлекување инвеститори. Тоа најдобро ќе го вреднува на следните избори на 24 април. Тогаш ќе се освести СДСМ, бидејќи тогаш ќе ги стаса народната казна за целокупната манипулација и мноштвото лаги. На 24-ти април СДСМ нема да доживее само пораз, туку ќе доживее катастрофален пораз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа