ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат дела и резултати, само скандали и фалсификати
СДСМ e фатен во криминал. Секогаш кога ќе се случи ова, а јавноста често го гледа, следуваат празни и конофузни соопштенија. Се обидуваат разни теми да го покријат срамот од скандалот со фабриката на афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
Оттука отвараат и теми во кои евидентно се инфериорни. Темата економија на СДСМ им е рак рана, затоа што токму тие беа на власт кога се спроведе криминалната приватизација со која се затворија 864 фабрики и над 200 000 работници останаа на улица. на душа на СДСМ одат илјадници семејства кои токму тие ги оставија без егизтенсија. Затоа сега во недостиг на економски резултати мораат да лажат и манипулираат.
СДСМ не можат да се помират со фактот дека во Република Македонија невработеноста се намали на рекордно најниско ниво од 25,5% во третиот квартал од 2015, додека во 2006 година изнесуваше 39%, која е постигната благодарение на работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ мора да манипулира со соопштенија во јавноста.
Изминативе 10 години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори над 150 000 нови работни места.
Десетиците инвестиции низ цела Македонија се реалност, кои СДСМ не сака да ги види.
Додуша и СДСМ во една година отвори два производствени погони. Едниот е менувачницата на Вицето за перење на криминалните пари на Заев, а вториот е фабриката на Чаушот за фалсификување документи, лични карти, банкарски сметки и слични нарачки кои очигледно директно ги примал од Заев и Спасовски.
Реновирањето на зградите на Владата на Република Македонија е согласно закон и согласно пропишанитем процедури. Оваа Влада обезбеди средства и за таа намена бидејќи во време на СДСМ единствено што тогашната Влада обезбеди е отстапување на имот на Министерството за образование за партиското седиште на Бихаќка.
Залудно им е на СДСМ се. Ниту имаат дела, ниту имаат резултати. Единствено што имаат се неуспеси, фалсификати и скандали кои јавноста многу добро и виде и слушна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа