Какво време не очекува денеска?

 

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер поизразен во источните делови од земјата. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17.

Во Скопје претпладне ведро со утринска магла во делови од котлината. Попладне сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Температурата ќе биде до  13° C.

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно, тивко и релативно топло време. Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег. Во следниве денови, наутро понекаде во долините и понатаму ќе има услови за појава на магла со променлив интензитет.

 
 
27.12.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега