Груевски: Од први јануари се покачува помошта за енергетска сиромаштија

 

Проектот за заштита на енергетската сиромаштија, којшто започна во 2010 година, ќе продолжи и наредната година.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека овој проект бил ветен и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и наредната година помошта ќе биде зголемена од 800 на 900 денари, а во 2017 година на 1000 денари.

-Наредната година од 1 јануари средствата што ги примаат примателите на помош за проектот за енергетска сиромаштија ќе прерасне од 800 на 900 денари, а следната година на 1000 денари. Тоа го ветивме во програмата и ќе биде реализирано, а во буџетот на Република Македонија за таа намена се одвоени околу 1,5 милиони евра, изјави премиерот.

Како што рече тој, зголемувањето ќе почне од јануари.

 
 
26.12.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега