Метеоролозите најавуваат снег - погледенете кога ќе врне

 

Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла, а во Демир Капија  магла и  ниска облачност со намалена видливост.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слаба утринска магла , а во текот на денот сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и суво време. По котлините со појава на магла и ниска облачност, особено претпладне. Извесна промена на времето се очекува од среда кога нашето подрачје постепено ќе потпадне под  влијание на влажна и постудена воздушна маса од североисток и ќе предизвика студено време со локален дожд и снег и умерен северен ветер.

 
 
26.12.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега