Утре ќе биде сончево - еве кога не очекува снег

 

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне се уште ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, со утринска слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност особено претпладнето. Извесна промена на времето се очекува од среда кога ќе биде постудено и ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. 

 
 
25.12.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега