Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посети дневниот центар за деца со телесна и интелектуална попреченост во Куманово

 

Претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, заедно со раководството на Унијата на жени од Општинскиот комитет Куманово, во пресрет на новогодишните празници, го посети дневниот центар за деца со телесна и интелектуална попреченост во Куманово.

-Најнапред дозволете ми на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник Божиќ. На мое големо задоволство денес сум тука во Куманово во новогодишна посета на центарот за деца со телесна и интелектуална попреченост. Унијата на жени посветува особено внимание на ранливите категории на лица во нашата држава и во текот на целата година преку организација и поддршка на многу активности се трудиме да добиеме што повеќе насмевки, што повеќе среќни луѓе. Исто така сакам да најавам дека во наредните неколку денови Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе реализира низа на активности со кои ќе продолжиме со реализација на нашето мото за годината што изминува а тоа е “Успех е – секоја насмевка плус”, изјави Даниела Рангелова.

rangelova-daniela

 

rangelova-daniela2
 

 
 
25.12.2015 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега