Пратенците од ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа ослободувањето од ДДВ на телефонските броеви за донации

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за предлог – законот за ослободување од ДДВ за телекомуникациските оператори, со што се овозможи во иднина донирањето на финансиски средства преку отворени специјални телефонски броеви за донации да бидат ослободени од данок на додадена вредност.

Во соопштението од пратеничката група посочуваат дека со воведувањето на оваа мерка, директно ќе се влијае на намалувањето на цените на чинење на овие услуги односно во иднина искористеноста на средствата кои се донираат ќе бидат искористени и пренасочени единствено кон барателите на донација без никакво оданочување.

Интегрален текст од соопштението:

На  84-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најде и точката која се однесуваше на ослободување од данок на додадена вредност за услугите од телекомуникациските оператори кои овозможуваат донирање на финансиски средства преку специјални телефонски броеви за донации.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш, така и за овој Предлог – закон ја даде својата поддршка со што овозможивме во иднина донирањето на финансиски средства преку отворени специјални телефонски броеви за донации да бидат ослободени од данок на додадена вредност.

Сметаме дека со воведувањето на оваа мерка, директно ќе се влијае на намалувањето на цените на чинење на овие услуги односно во иднина искористеноста на средствата кои се донираат ќе бидат искористени и пренасочени единствено кон барателите на донација без никакво оданочување.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека македонските граѓани досега многупати докажале дека се хумани и масовно ги користат специјалните телефонски броеви за донации и токму затоа сигурни сме дека оваа мерка ќе допринесе дополнително граѓаните да се охрабруваат да донираат повеќе средства на оние лица на кои им е навистина потребна финансиска помош.

Исто така, со оваа мерка директно ќе ја стимулираме и веќе онака развиената филантропија по која што насекаде се познати македонските граѓани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку поддршката на воведувањето на оваа мерка придонесува за развивање на поквалитетно, поодговорвно, потолерантно и посигурно општество со што сите ние заеднички и меѓусебно ќе си помагаме со цел подобар соживот и поквалитетно живеење.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека ваквиот тип на мерки се очекувани и поздравени од граѓаните и токму затоа, како и досега, така и отсега, ние секој пат ќе ја даваме нашата поддршка за сите барања и потреби кои ги имаат нашите сограѓани.

Токму затоа граѓаните имаат доверба во Пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие знаат дека исрекно се бориме, работиме и ги застапуваме нивните интереси во Собранието на Република Македонија.

 
 
25.12.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега