Спасов: Во пензија ќе се оди по старо
Нема менување на условите за пензионирање. Владата не рзгледувала никакво ново решение, ниту пак има изготвено било каков предлог. Министерот за труд и соицјална политика во интервју за Вечер вели дека нема вистина во гласините околу некакво менуае на начинот за стекнување пензија
- Во моментот условот за стекнување право на старосна пензија е 64 години живот (маж), односно 62 години на живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.
Иако во европските држави постои тренд на зголемувањето на условите за стекнување право на старосна пензија, во македонскиот пензиски систем во овој моментот нема промена во законските услови за стекнување право на старосна пензија. Би сакал да истакнам дека во моментов нема започнато процедура за измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ниту во Министерството ниту во Владата.