Шпанија со поддршка за влезот на Македонија во НАТО
Билатералната воена соработка меѓу армиите на Република Македонија и на Кралството Шпанија е на високо ниво и во иднина ќе се подобрува со внесување нови содржини, заклучија началниците на ГШ на армиите, генерал-мајорот Горанчо Котески и генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.
- Значајно е и тоа што армискиот полигон Криволак е понуден на користење на воружените сили на Кралството Шпанија, особено во периодот на предупатна обука во мировни мисии, но и за изведување заедничники вежби, изјави началникот на ГШ на АРМ, Котески по средбата, потсетувајќи оти „Криволак“ во 2013 година ќе биде користен и веќе е потпишан договор со вооруижените сили на Кралството на Британија и САД.
Според генерал-мајорот Котески, денешната средба со адмиралот Гарсија Санчез ќе даде нов поттик за нова и поуспешна соработка на двете армии.
- Шпанија ве поддржува на вашиот пат кон интегрирање во НАТО и во тој контекст ние би сакале да ја зголемиме биалтералната соработка во различни области, изјави генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез, кој ја предводи делегаицјата на вооружените сили на Кралството Шпанија во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ.
Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспоставена во октомври 2009 година, со потпишување Меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана.
ФОТО:Денешен