Дечиња останаа без татко - сведоштва за крвавиот инцидент во Грчец

Крвав инцидент вчера го потресе скопско Грчец. По двојното убиство кое се случи, сведок од Центарот за бездомници во селото раскажа што се случило. Тој за Дневник вели дека за малку ќе бил погоден кога почнала престрелката. 

- Стоев до капијата кога почнаа да летаат куршуми на сите страни. За малку ќе ме погодеа. Се се случи доцна, потоа не смеевме да излеземе, вели сведок за Дневник.

Според податоците, неофицијално причина за крвавиот настан е кавга за девојка, а еден од загинатите во престрелката е братучед на криминалецот Аслан Нуиши од Грчец. 

Инаку, нападот се случил завчера по 23 часот. Во нападот биле изрешетани тројца кои се возеле со Мерцедес, двајца се убиени, едниот е повреден. Стаклата на местото на настанот говорат за драмата која се случувала. Соседите ништо ниту виделе ниту слушнале.

- Навистина лошо. Човекот има деца. Останаа без татко. Што и да е причината младите се без контрола. Никој не брои до десет, вадат пиштоли и решаваат проблеми, изјавил постар жител од селото.

Се шпекулира и дека кавгата се случила за пејачка која е позната кај Албанската популација.

 
 
04.12.2015 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега