Македонија пошумена со три милиони дрвца

Под мотото „Засади успех“ денеска на повеќе од 100 локации на целата територија на Република Македонија се одржа 16-тата акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ на која се засадија три милиона дрвца на 930 хектари земјиште.

- Поголемо внимание треба да се обрне и по засадувањето, во следните неколку години, да се грижиме за овие дрвца да можат да растат. Ние си земаме обврска во текот на летниот период овие дрвца да се полеваат, одржуваат и чуваат за по три-четири години откако ќе почнат да растат да можат сами од себе да се развиваат, нагласи тој.

Вработените во МЕПСО денеска, исто така, се вклучија во акцијата и организирано на повеќе локации низ земјава во Скопје, Битола, Штип, Неготино и низ други градови засадија повеќе од 500 садници.

Директорот на подружницата Оператор на преносна мрежа при МЕПСО Ацо Ристески рече дека за одржување на далекуводните коридори компанијата секоја година согласно програмата мора да расчистува шумски појаси.

- Наша цел е преку учество во оваа акција да засадиме барем тројно повеќе дрва од тоа што мораме да исечеме, со што ќе го дадеме нашиот придонес во обновување на шумскиот фонд, истакна Ристески, додавајќи дека МЕПСО секогаш ја поддржува оваа акција, а така ќе продолжи и во иднина.

Директорот на „Караџица“ Скопје Анѓеле Спироски рече дека над селото Брњарци се садат садници од широколисни видови дрвја, претежно даб, багрем, јавор, јасен и дел чемпрес, додавајќи дека локациите за садење се одредуваат согласно параметрите и условите на терен, климатските фактори, делот на рељефот и педолошките услови. 

Во акцијата со засадување дрвца на различни локации во Македонија се вклучија премиерот Никола Груевски во ТИРЗ Прилеп, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во парк шумата Гази Баба,  министерот за одбрана Зоран Јолевски во кругот на Воено медицинскиот центар во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков посади дрвце на локалитетот Манковица, десет километри од Кратово, министерот за здравство Никола Тодоров во Виница...

gruevski-posumuvanje500

Кампањата беше подржана и од средношколците од градот Скопје, кои заедно со иницијативата „Денот на дрвото“, континуирано засадуваа дрвца во училишните дворови и ја озеленуваа својата средина. Според организаторите на акцијата, ваквото наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштата, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите.

- Акцијата, чиј идеен творец е маестро Борис Трајанов, во 2008 поведе група ентузијасти кон засадување нова еко-иднина и поттикна формирање Граѓанско здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, кое веќе осум години успеа граѓаните на Македонија да ги поведе во нови успешни акции, истакнува организаторот

 
 
02.12.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега