Драма во Куманово: И извадил пиштол на улица

Во текот на вчерашниот ден околу 15  часот во Куманово, пред Основното Улчилиште „Наим Фрашери“ на улицата „Страшко Симонов“, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид над 37-годишната Б.И. додека таа одела кон својот дом. Сторителот од зад грб и се приближил, ја фатил за ташната, и откако неуспеал да ја земе и се заканил со пиштолот, со тупаница ја удрил во пределот на лицето и и ја одзел ташната. Откако девојката почнала да вика сторителот ја оставил ташната и избегал во непознат правец. Б.И. е упатена во Медицинскиот Центар Куманово, каде и е укажана  лекарска помош и констатирана и се телесни повреди. Од страна на полициски службеници осомничениот е фатен и лишен од слобода, а се работи за П.Н. од Куманово и по целосно расчистување и документирање на настанот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
 
02.12.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега